ВО ШТИП ЗАПИШАНИ 21 ПРВАЧЕ ПОМАЛКУ ОД ЛАНИ ПОРАДИ ИСЕЛУВАЊЕ ВО ДРУГ ГРАД ИЛИ ВО СТРАНСТВО

    ВО ШТИП ЗАПИШАНИ 21 ПРВАЧЕ ПОМАЛКУ ОД ЛАНИ ПОРАДИ ИСЕЛУВАЊЕ ВО ДРУГ ГРАД ИЛИ ВО СТРАНСТВООд општинската служба за образование очекуваат промени во конечната бројка со оглед на постојаниот тренд на миграција на населението. (Фото: СДК.МК)

    Според првичните и неофицијални информации за запишувањето на првооделенците во новата учебна година во Штип, пријави за запишување во прво одделение биле поднесени за 21 ученик помалку од лани, кога биле запишани 580 првачиња. Рокот на запишување на првачињата траеше до вчера, но од општинската служба за образование сè уште не ги соопштуваат бројките. Велат дека очекуваат промени во конечната бројка со оглед на постојаниот тренд на миграција на населението.

    Раководителката на општинското Одделение за општи работи, Снежана Санева, врз основа на податоците од СВР Штип вели дека според евиденцијата на родените, годинава треба да бидат прво одделение 559 ученици, или 21 ученик помалку од лани.

    „И оваа година како и во претходните, продолжува трендот на намалување бројот на запишаните првооделенци. Миграцијата е присутна. Цели семејства, или само родителите мигрираат во други градови во земјата или заминуваат во странство, посебно во овој период на сезонски работи во Италија и повеќе други европски земји“, вели Санева.

    Во иминатите години се случувало во септември, кога започнува учебната година, семејствата да се враќаат дома после сезонската работа во странство, но има и семејества кои се иселуваат во некои од државите во ЕУ.

    За првооделенците заедно со пријавите треба да бидат поднесени и потврди од лекарска комисија, очен лекар и стоматолог и потврда за вакцинален статус. Санева го потенцира и проблемот со реонизација на учениците, па инсистира и родителите да го почитуваат правилото учениците да се запишуваат во училиштата кои гравитираат кон нивните живеалишта и реони.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира