ВО ШТИП ЗАТВОРЕНА УШТЕ ЕДНА ФАБРИКА СО 250 ВРАБОТЕНИ ПОРАДИ ПОЈАВА НА КОВИД-19

    ВО ШТИП ЗАТВОРЕНА УШТЕ ЕДНА ФАБРИКА СО 250 ВРАБОТЕНИ ПОРАДИ ПОЈАВА НА КОВИД-19Градоначалникот Бочварски и Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ разговарале за тоа дека текстилните фабрики голем број работнички јавно протежирале дека коронавирус не постои, па градоначалникот побарал ова Здружение да се вклучи и во објаснувањето дека вирус постои и дека состојбата е сериозна. (Фото: СДК.МК)

    По денешните информации дека има нов позитивен случај на КОВИД-19 на текстилна работничка, Општинскиот кризен штаб донесе одлука да се затвори уште една текстилна фабрика во Штип со 250 вработени.

    „Заедно со сопственикот, Кризниот штаб донесе одлука фабриката да биде затворена. Првиот регистриран случај на заболен работник од оваа фабрика е доволен сигнал да се преземат сигурни мерки. Подобро е работниците една недела да бидат на годишен одмор и во домашна изолација додека не се добијат резултатите од тестирањата на останатите вработени кои имале контакт за заболената колешка, па и на сите вработени во конфекцијата“ вели градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

    Со ова во Штип затворени се седум фабрики, со над 800 вработени. Првата фабрика која стана жариште, се затвори веднаш по обелоденувањето на информациите дека има заболени, а епилогот од досегашните тестирања е дека над 60 отсто од вработените се позитивни на КОВИД-19. За вработените од оваа и останатите фабрики биле донесени 336 решенија за самоизолација.

    По вчерашните објави за состојбата со коронавирусот во Штип, градоначалникот на Штип побарал средба со претседатеката на граѓанското здружение „Гласен текстилец“, Кристина Ампева на која се разговарало како и ова Здружение да помогне во спроведувањето на мерките.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира