ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА ПОЧИНАА УШТЕ ДВЕ ЛИЦА ОД КОВИД-19, ВТОРА НЕДЕЛА ПО РЕД ИМА ОКОЛУ 100 ХОСПИТАЛИЗИРАНИ

    ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА ПОЧИНАА УШТЕ ДВЕ ЛИЦА ОД КОВИД-19, ВТОРА НЕДЕЛА ПО РЕД ИМА ОКОЛУ 100 ХОСПИТАЛИЗИРАНИПациентите со тешка клиничка слика кои се на кислородна поддршка се сместени во модуларната болница (Фото: СДК.МК)

    Вчера и денеска, во Клиничката болница во Штип починаа двајца пациенти со ковид-19 на возраст од над 60 години. Бројот на хоспитализирани веќе втора недела е околу 100. Меѓу нив има и млади лица, на возраст од 30 години.

    „Речиси половина од хоспитализираните се на кислородна поддршка. Педесетина пациенти во монтажната болница од вчера имаат поддршка со течен кислород. Во функција е централниот систем. Сега е малку полесно со дотурот на течен кислород, кој е поефикасен, а централниот систем има капацитет за повеќе денови и многу полесно се полни“, вели директорот на Клиничката болница, Ален Георгиев.

    Инфективното одделение и натаму се снабдува со кислород од боци, но според Георгиев, таму потребите се помали, затоа што пациентите со тешка клиничка слика кои се на кислородна поддршка се сместени во модуларната болница.

    Георгиев вели дека нема новозаболени од медицинскиот персонал. Ковид-19 имаат само двајца работници во техничките служби.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира