ВО СКОПЈЕ ИМА МНОГУ КОМАРЦИ ОТИ СЕ ПРСКА МАЛА ПОВРШИНА И ТОА АВИОНСКИ НАМЕСТО ОД ЗЕМЈА, ВЕЛАТ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    ВО СКОПЈЕ ИМА МНОГУ КОМАРЦИ ОТИ СЕ ПРСКА МАЛА ПОВРШИНА И ТОА АВИОНСКИ НАМЕСТО ОД ЗЕМЈА, ВЕЛАТ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕПоследниве неколку години присутен е новиот вид инвазивен тигрест комарец којшто прави поголеми реакции при убодот. (Фото: К. Попов)

    Во Скопје има многу комарци бидејќи се прска мала површина и постапката е несоодветна, покажуваат истражувањата на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ). Од таму велат дека средствто со кое се прска е добро, но во населените места не треба да се врши авионска дезинсекција туку прскање од земја, оти само така ќе се уништат комарците.

    „Нашите истражувања покажуваат високо присуство на возрасни комарци во Скопје и затоа треба да се смени стратегијата во контролата на комарците. Не е до средството со кое се прска, тоа е во ред и е во листата на Светската здравствена организација. Треба да се сменат плановите и стратегиите на делување на терен, односно треба да се смени површината на делување. Во градот Скопје се третираат 5.000 хектари, а со мапирањето се покажува дека треба да се опфати површина од 30.000 хектари. Авиодизенсекцијата во населените места треба да се укине, таа може да се применува во ненаселени и непростапни терени или при елементарни непогоди. Но, при ваква превентивна дезинсекција не е препорачливо затоа што нема успех, ги уништува комарците само што се во лет, а не и оние што се во мирување или доле меѓу луѓето“, вели Николина Соколовска, ентомолог во Центарот за јавно здравје – Скопје.

    Во земјава е регистриано присуство само на тигрест комарец, за разлика од Европа каде има 7 видови комарци. Последниве неколку години присутен е новиот вид инвазивен тигрест комарец којшто прави поголеми реакции при убодот.

    „Тоа е нов вид комарец кој во своите плунковни жлезди има протеини кои имаат поразличен состав од нашите автохтони комарци и затоа прави поголеми проблеми. Досега нема случаи на болести појавени поради каснување од комарец. Има случаи само на алергиски реакции и црвенила на кожата“, додава Соколовска.

    Како што велат од Центарот за јавно здравје, зголемениот број комарци е очекувано нешто и се должи на глобалното затоплување, порастот на населението и урбанизацијата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира