ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ПРОСЛАВЕН 30. РОДЕНДЕН НА ШИМПАНЗОТО КОКО, ДОБИ ТОРТА ОД ОВОШЈЕ

    ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ПРОСЛАВЕН 30. РОДЕНДЕН НА ШИМПАНЗОТО КОКО, ДОБИ ТОРТА ОД ОВОШЈЕКоко се врати во Зоолошката во 2019 после 10 години откако замина на ресоцијализација во Центарот за заштита на животни во Амстердам, Холандија. (Фото: СДК.МК)

    Во скопската Зоолошка градина денеска се славеше 30. роденден на шимпанзото Коко. Неговата зоо негувателка Александра му подготви специјална роденденска торта направена исклучиво од овошје.

    „Коко доби и кутии со изненадувања кои ги отвораше заедно со другарот Изи. Хартијата во која беа завиткани подароците е од целулоза и е целосно безбедна и нештетна за шимпанзата“, велат од скопската Зоолошка градина.

    Коко се врати во Зоолошката во 2019 после 10 години откако замина на ресоцијализација во Центарот за заштита на животни во Амстердам, Холандија.

    Коко е роден во Скопје и откако умре мајка му беше единствено шимпанзо во Зоолошката. Поради тоа што беше осамен покажуваше знаци на анксиозност, па беше испратен на ресоцијализација во Центарот во Холандија, во кој престојуваат животни кои се спасуваат од целиот свет.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира