ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА БИТОЛА ЌЕ ИМА ПАРКИНГ НАМЕСТО ЛИМЕНИТЕ ГАРАЖИ КОИ УЗУРПИРААТ ЗЕМЈИШТЕ

    ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА БИТОЛА ЌЕ ИМА ПАРКИНГ НАМЕСТО ЛИМЕНИТЕ ГАРАЖИ КОИ УЗУРПИРААТ ЗЕМЈИШТЕНа истото место пред десет години ексградоначалникот Владимир Талески планираше да прави катни гражи, но се спротивствија жителите од околните згради. (Фото: СДК.МК)

    Во строгото централно јадро на Битола, на просторот зад зградите на ЈАТ и Пионерскиот дом, ќе има паркинг, одлучи општинскиот Совет. Од советничкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ беше кажано дека тоа ќе значи партерно уредување на местото и паркинг, а ќе се отстранат лимените гаражи со кои е узурпирано земјиштето.

    „Се почна со рушење на објектот на стариот суд за прекршоци, со цел да се ослободи тој простор и на другот дел има буквално узурпирано земјиште од луѓе кои што си направиле гаражи. Тие ќе ги нема. Сфаќате, како да ви кажам, ќе ги нема. Не може некој во центарот на градот да со прави таму гаражи, да ги изнајмува или било што да прави. Законот ќе почне да важи од ЈАТ“, предупреди од советничката говорница Бојан Бојкоски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

    Од опозиционАта СДСМ рекоа дека за да се оствари планот исечени се долгогодишни дрвја, а потсетија и дека на истото место пред десет години ексградоначалникот Владимир Талески планираше да прави катни гражи, но се спротивствија жителите од околните згради.

    „Во 2012 година започнавте еден таков процес. Тогаш влезот во катната гража ќе беше низ влезовите на зградите кои се сопственост на станарите. Тоа не го изведовте, сега повторно со истото размислување. Сега влезот ќе биде од другата страна, од кај Пионерски дом. Заборавивте дека таму е амбиенталната улица Рузвелтова, со коцка“, рече советникот Борче Корлевски.

    Претседателката на Советот, Габриела Илиевска од Поинаку, рече дека ова ќе значи средување на тој дел од градот.

    „Таму по ДУП е катна гаража. Сакаме Битола да ја средиме или не сакаме? Зборуваме за партерно уредување зад ЈАТ, ќе има паркинг места и ќе заличи местото. Во 80 проценти од тие гражи не се паркира. Се чуваат како визби, магацини и дел од нив се издаваат. Колку и да звучи популистички некогаш, на Битола ѝ требаат револуционерни одлуки. Револуционерните одлуки подразбираат некогаш и носење на тешки одлуки за некои граѓни, но не се спротивни на законот“, рече Илиевска.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира