ВО СТРУМИЦА НЕМА БРЗ ИНСУЛИН, ВЕЛИ ЗДРУЖЕНИЕТО НА ДИЈАБЕТИЧАРИ, ДИРЕКТОРОТ НА БОЛНИЦАТА ГОГОВ ВЕЛИ ДЕКА ИМА

    ВО СТРУМИЦА НЕМА БРЗ ИНСУЛИН, ВЕЛИ ЗДРУЖЕНИЕТО НА ДИЈАБЕТИЧАРИ, ДИРЕКТОРОТ НА БОЛНИЦАТА ГОГОВ ВЕЛИ ДЕКА ИМАОд пред 3 дена ги имаме сите инсулини, велат од Струмичката болница. (Фото: СДК.МК)

    Здружението на дијабетичари „Гликоза“ од Струмица реагира дека во последниве два до три месеци дел од нивните членови се соочуваат со недостиг на брзи инсулини кои ги користат за нормализирање на шеќерот во крвта. Претседателот на здружението Владо Златковски вели дека до Министерството за здравство доставиле барање за навремерна и континуирана  достава на сите типови инсулин во сите делови од државата, посебно во услови на пандмеија со ковид-19.

    „Има недостаток на брзи инсулини кои се многу важни за дијабетичарите од тип 1 кои се од животно загрозувачки карактер. Доколку не ги земат навреме, имаат големи пикови на зголемување на шеќерот во крвта и може да има несакани последици. Со оглед дека сме дел од Сојузот на дијабетичари, нашите членови си позјамуваат од оние кои имат вишок пенкала во земјава“, вели Златковски.

    Од Струмичката болница велат дека ги имаат сите типови инсулинска терапија. Директорот Наќе Гогов кажа дека нема простор за паника и страв и дека ниту еден пациент нема да остане без брз инсулин.

    „Ние секогаш излегуваме во пресрет на нашите пациенти и никој нема да остане без брз инсулин. Што се однесува до другите инсулини, сите ги имаме. Добиени се пред три дена. Не е толку загрозувачка состојбата со брзите инсулини во Струмичката болница, за да се плашат пациентите“,  кажа Гогов.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира