ВО СУДОТ ВО БИТОЛА ОДЗЕМЕНИ КАМЕРИТЕ И МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ НА НОВИНАРИТЕ НА СУДЕЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БУГАРСКИОТ КЛУБ

    ВО СУДОТ ВО БИТОЛА ОДЗЕМЕНИ КАМЕРИТЕ И МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ НА НОВИНАРИТЕ НА СУДЕЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БУГАРСКИОТ КЛУБИ кога сакале да си одат и да снимат изјави барем долу пред судот, судијката Никодиновска им се развикала на новинарите: „Враќајте се назад, (Фото:СДК.МК)судењето не е завршено! Другиот пат нема ни да ве пуштам да присуствувате!“. (Фото: СДК.МК)

    На новинарите од порталот САКАМДАКАЖАМ.МК и на ТВ „Телма“, денеска судијката Цветанка Никодиновска од Основниот суд Битола, не им дозволи да снимаат и фотографираат на судењето против претседателот нa Бугарскиот клуб во Основниот суд во Битола, иако за тоа имаадобиено одобрение од Врховниот суд.

    Таа даде наредба да ги остават мобилните телефони долу, на пријавница, иако им се средство за работа, односно за пишување новинарски текстови од судница.

    Пред судницата, вработено лице од нив побара телефониоте да им ги предадат на припадник на судската полиција, а камерманот да ја остави камерата на портирница. На новинарите им беше дозволено всушност како граѓани да присуствуваат на рочиштето, иако во записникот беа заведени како новинари.

    Откако судијката Цветанка Никодиновска констатира дека судењето ќе биде одложено и кажа дека следното рочиште се закажува за 28 јануари 2025 година, новинарите како и секогаш, станаа да си одат и да се подготват да земат изјави пред судот, оти внатре не им беше дозволено снимање. Судијката Никодиновска на висок тон им се обрати:

    Враќајте се назад, судењето не е завршено! Другиот пат нема ни да ве пуштам да присуствувате!“.

    И на првото рочиште од во овој судски процес лани, на новинарите им беше дозволено да снимаат само со камери, а мобилните телефони им беа одземени.

    Во даденото одобрение од претседателот на Врховниот суд пишува дека дозволата за снимање и фотографирање има важност до завршувањето на расправата по предметот. Понатаму пишува дека ако снимањето е одобрено од Врховниот суд, советот на главната расправа може од оправдани причини да одлучи делови од главната расправа да не се снимаат. Но, никаде не пишува дека може да забрани снимање на целата расправа, односно да ја згази дозволата од највисокиот суд во Македонија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира