ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР ЛАНИ ПОЛИЦИЈАТА ИЗДАЛА 12.000 КАЗНИ ЗА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ

    ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР ЛАНИ ПОЛИЦИЈАТА ИЗДАЛА 12.000 КАЗНИ ЗА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИНајголемиот број од прекршоците се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. (Фото: СДК.МК)

    Лани во Тетовскиот и Гостиварскиот Регион изречени се 12.179 казни за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив 7.698 биле во Тетовскиот Регион, а 4.481 во Гостиварскиот Регион. Според податоците, најголемиот број од прекршоците се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, со што останува ова станува една од главните причини за загрозување на безбедноста.

    „Поради управување со возила над дозволената брзина во Тетовско се казнети 5.088 возачи, а во Гостиварско 2.203 возачи. Санкционирани се и 710 возачи, 555 во Тетовско и 155 во Гостиварско, кои на автомобилите имале затемнети стакла, односно ставени затемнети фолии. Исто така, 264 возачи се казнети оти поминале на црвено светло, додека на 220 возачи им се изречени казни за неправилно престигнување“, соопштија од СВР Тетово.

    Поради сериозни прекршоци и техничка неисправност, од сообраќај се исклучени 1.879 возила и 3.838 возачи, од кои за управување без возачка дозвола 2.569, возачи почетници 606, управување под дејство на алкохол 328, како и исклучени возила од сообраќај поради истечена важност на сообраќајна дозвола 618, техничка неисправност 411, и претовар 55 возила во двата региони.

    Привремено се одземени 112 возила, од кои 87 поради истечена регистрација над шест месеци и 25 поради предизвикување на прекумерна бучава.

    Од 1 февруари официјално започна со работа Системот за автоматско санкционирање на сообраќајните прекршоци „Безбеден град“ на територијата на Скопје, Куманово и Тетово, како и на патните правци од Коридорите 8 и 10. Во оваа почетна фаза, камерите ќе детектираат четири типа прекршоци: возење со брзина поголема од дозволената, минување на црвено светло, непрописно паркирање и управување возило со истечена важност на сообраќајната дозвола.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира