ВО ТЕТОВО УАПСЕНА ЖЕНА ОД ПРИЛЕП КОЈА ГО ТЕПАЛА СВОЕТО ТРИМЕСЕЧНО БЕБЕ И ГО УДИРАЛА ОД АСФАЛТ

    ВО ТЕТОВО УАПСЕНА ЖЕНА ОД ПРИЛЕП КОЈА ГО ТЕПАЛА СВОЕТО ТРИМЕСЕЧНО БЕБЕ И ГО УДИРАЛА ОД АСФАЛТПриведен бил и мажот со кого таа живеела во вонбрачна врска (Фото: СДК.МК)

    СВР Тетово соопшти дека вчера била приведена 42-годишна жена од Прилеп која го тепала своето тримесечно бебе и го удирала од асфалт. За среќа, веднаш интервенирале луѓето кои таму се затекле и ѝ го одзеле бебето, а случајот го пријавиле во тетовската полиција. Таа била приведена, а приведен бил и мажот со кого таа живеела во вонбрачна врска.

    „На 14.06.2026 во 17:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода В. М. (42) од Прилеп, со престој во Тетово, а во 18:30 часот во с. Сараќино, Тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода Б. С. (37) од истото село. Претходно, во 16 часот, во СВР Тетово било пријавено дека околу 15:30 часот В. М. била забележана како физички го малтретира и удира во асфалт своето тримесечно бебе. Лицата што го забележале тоа ѝ го одзеле детето и го пријавиле случајот. За настанот се известени социјален работник и инспектор за малолетници, а двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава“, соопштија од СВР Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира