Според Општинската изборна комисија на Општина Тетово, излезноста на гласачките места до десет часот е за еден процент поголема од излезноста која била на изминатите избoри. Од Изборната комисија велат дека според информациите кои ги добиле од избирачките одбори, поголемиот дел од гласачите кои утрово гласале се на постара возраст.
„Сите гласачки места во Општина Тетово се отворени точно во 7 часот и до сега од страна на Избирачките одбори не е пријавен никаков проблем во процесот на гласање. Од резултатите добиени до 9 часот, излезноста изнесува 4,7 проценти. Ова е подобра излезност од претходните избори бидејќи тогаш до 10 часот излезноста изнесуваше изнесувала 3,7 проценти. Значи, на овие парламентарни избри излезноста во утринските часови е поголема. Поголемиот број од оние што излегле на гласање утринава се постари лица, најверојатно сакаат побрзо да го остварат своето бирачко право и да ги избегнат горештините и гужвите“, изјави Артан Адеми претседател на Општинската изборна комисија за Општина Тетово.
З. АНДОНОВ