ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА ЛЕЖАТ И 40-ГОДИШНИЦИ БОЛНИ ОД КОВИД-19 КОИ НЕМАЛЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ

    ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА ЛЕЖАТ И 40-ГОДИШНИЦИ БОЛНИ ОД КОВИД-19 КОИ НЕМАЛЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИПостојано се зголемува и бројот на амбулантските прегледи на Инфективното одделение на Тетовската билница. (Фото: СДК.МК)

    Неколку лица на возраст од околу 40 години кои досега немале хронични болести се на лекување во Ковид-центарот во Клиничката болница во Тетово. Освен ова, постојано се зголемува и бројот на амбулантските прегледи на Инфективното одделение што, според тетовските инфектолози, е знак дека бранот од заразата сѐ уште присутен и тие бараат понатамошно строго прчитување на мерките.

    „Секој ден имаме по над 70 амбулантни прегледи. Секако, не се сите прегледани заболени со ковид-19 но, тоа е знак дека бранот најверојатно ќе трае уште неколку недели. За жал, деновиве имавме случаи кога се хоспитализирани и неколку млади лица на околу 40- годишна возраст кои немале некои коморбидитети, а се позитивни на вирусот. Поради ова, уште еднаш апелираме и понатаму многу да се внимава на мерките, посебно кај оние семејства каде има луѓе со хронични болести“, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид-центарот.

    Во тетовската Клиничка волница засега има доволно болнички кревети за заразените со ковид-19, но како превентива, деновиве повторно проработи и вториот кат од Интерното одделение каде се примаа заболени во екот на најголемиот прилив на заразени во ноември и декември минатата година.

    „Сега на болничко лекување имаме 35 пациенти поради што, после подолг временски период, повторно го отворивме и вториот кат од Интерно одделение за прием на ковид болни. Поради ова, моравме да направивме реорганизација, бидејќи ни требаа уште лекари и сестри, технички персонал, па тие беа повлечени од други одделенија кои во овој период имаат помал обем на работа“, вели д-р Нуредини.

    Во кругот на болницата има модуларна монтажна болница која сѐ уште не се користи.  Од Клиничката болница велат дека изградбата на објектот е во целосна надлежност на Министерството за здравство и само тие имаат информација кога оваа модуларна болница ќе биде пуштена во употреба.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира