ВО ТЕТОВСКО-ГОСТИВАРСКИОТ РЕГИОН ЗА 10 ГОДИНИ ЗАГИНАЛЕ 144 ЛИЦА ВО СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ, 34 СЕ ПЕШАЦИ

    ВО ТЕТОВСКО-ГОСТИВАРСКИОТ РЕГИОН ЗА 10 ГОДИНИ ЗАГИНАЛЕ 144 ЛИЦА ВО СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ, 34 СЕ ПЕШАЦИВо 2016 година се бележи најголем број жртви, вкупно 25 од кои на тетовското подрачје 13, а на гостиварското подрачје имало 12.(Фото: СДК.МК)

    Во периодот од 2014 до 2024 година регистрирани се 144 загинати лица во сообраќајни незгоди во Тетовскиот и Гостиварскиот Регион кои административно ги покрива СВР Тетово.

    Во Тетовскиот Регион, односно во Општина Тетово и околните 5 рурални општини, имало 81 жртва, додека во Гостиварскиот регион, односно во Општина Гостивар и трите околни рурални општини имало 63 жртви. Од вкупно 144 загинати лица 34 биле пешаци и тоа 22 во тетовско и 12 во гостиварско. Најтрагична била 2016 година со вкупно 25 загинати возачи и пешаци.

    „Во 2016 година се бележи најголем број жртви, вкупно 25 од кои на тетовското подрачје 13, а на гостиварското подрачје имало 12. Од вкупниот број загинати 7 се пешаци, 4 во тетовско и 3 во гостиварско. Во 2023 година пак е забележан најмал број жртви, вкупно 4 од кои 1 во Тетовскиот Регион и три во Гостиварскиот Регион. Во 2023 година немало загинати пешаци“, информира Фатмир Феџепи, портпарол на СВР Тетово.

    Според податоците од Државниот завод за статистика, од 2001 па се до крајот на 2023 година во Македонија во сообраќајни незгоди животот го загубиле 3.353 лица, од кои 818 се пешаци.

    З.АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира