ВО ТИКВЕШИЈАТА НЕМА АРГАТИ ЗА БЕРБА НА ЛОЗЈАТА,  А СЕ ОЧЕКУВА РЕКОРДЕН РОД

    ВО ТИКВЕШИЈАТА НЕМА АРГАТИ ЗА БЕРБА НА ЛОЗЈАТА,  А СЕ ОЧЕКУВА РЕКОРДЕН РОДЛозарите предупредуваат дека е можно грозјето да остане по полињата, оти ќе нема кој да го бере. (Фото: СДК.МК)

    Лозарите од Тиквешијата се мачат да најдат аргати за берба на грозјето која започнува за помалку од еден месец. Лозарите предупредуваат дека е можно грозјето да остане по полињата, оти ќе нема кој да го бере.

    „Аргати не можеме да најдеме. Времето на бербата е кратко, еден месец, а работата сила е толкава. Каде попрво да се ангажираат?“, велат лозарите.

    Предлогот од откупувачите, како можно решение, да се донесат работници од Албанија, за нив е неприфатлив.

    „Тие луѓе треба некаде да спијат. Ние не сме големи производители за да си дозволиме и да плаќаме сместување. Ни требат десетина аргати, не стотина. Нема преноќишта каде да ги сместиме“, велат лозарите.

    Времето за берба стигнува, но лозарите од Тиквешкиот крај ги очекува и друга мака. Годинава се очекува рекорден род, но ќе им проблем кој ќе го откупи, оти во земјава останаа малку винарски визби кои ќе го откупуваат грозјето. Регионот на Тиквеш е најголемиот производител на грозје во земјава, каде околу три илјади лозари живеат од оваа култура.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира