ВО ТИКВЕШКО СЕ КРАДАТ ДРВЕНИ КОЛЦИ ОД ЛОЗЈАТА ЗА ОГРЕВ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО ТИКВЕШКО СЕ КРАДАТ ДРВЕНИ КОЛЦИ ОД ЛОЗЈАТА ЗА ОГРЕВ

    Во Тиквешко се крадат дрвени колци од лозја, најверојатно за огрев, но и за препродавање. Кражбите им прават голема штета на лозарите кои ионака се соочуваат со необезбеден пласман, ниските цени и нередовното плаќање на грозјето. Деновиве, на еден лозар му украле 15-на, на друг 60 колци од дрво, на трет му  украле 30 дрвени анкери, кои се носечки колци во редот.

    „Налет штетата од украдените колци, полошо е тоа што крадците ја исекле и жицата во лозовите насади за полесно да ги извадат колјата. Сега покрај обезбедување нови колци треба и вложување дополнителен труд за средување на редовите, зашто во ваква состојба не можат да се затегнат редовите и да се изврши резидбата на виновите лози која е карактеристична за овој период од годината“, велат лозарите.

    Тие велат дека досега им биле сечени дрвца покрај меѓите од нивите, им провалувале во полските објекти, им го береле грозјето, им ги краделе оградите на земјоделските имоти. На еден од нив му била украдена тракторска приколка, 25 алуминиумски цевки и друго. Некои од нив не ни пријавувале во полиција за кражбите, оти однапред знаеле дека нема како да си ја наплатат штетата од крадците, за кои сметаат дека биле принудени да крадат од сиромаштија.

    „Нема што да му земеш за да си наплатиш, се случувало и да тужиме и да добиеме судска пресуда и повторно ништо, само дополнителни судски трошоци“,велат дел од лозарите.

    Кавадарчанец се жали дека непознати сторители пред една година му го запалиле овоштарникот, му ги изгореле дрвцата од еден декар и му направиле штета од околу пет илјади евра.

    За кражбите на колци, жица и други работи и кражби во објекти или викендички на лозовите насади во Кавадарци и Неготино, МВР во писмениот допис вели дека во текот на  минатата година, во Полициската станица од општа надлежност Кавадарци биле пријавени 12 кражби на колци и жица. Во повеќе случаи предмет се дрвените колци. Бројот на одземени колци изнесува 15, 30, 40, 50, па се до 120. Пријавени се и шест кражби на филтер за наводнување и црево за наводнување во еден случај. Во пет наврати имало и кражби на грозје.

    Во Полициската станица од општа надлежност Неготино минатата година биле  регистрирани две кривични дела кражби и едно кривично дело тешка кражба. Во март била пријавена кражба на 380 калемки од сортата “смедеревка” кои биле насадени на нива во месноста Чифлик, општина Демир Капија. Во декември од лозје во локацијата Уши во атар на селото Долни Дисан, било одземено пвц црево за наводнување. Последниот месец од годината исто така била извршена тешка кражба од гаража лоцирана во месноста викана Ридиште, сопственост на правно лице, каде по разбивање на влезната врата биле украдени распрскувачи за полевање, резервни делови за распрскувачи и други предмети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира