ВО ЦЕНТАРОТ НА ШТИП НАЈДЕНА ПЦОВИСАНА ЛИСИЦА

    ВО ЦЕНТАРОТ НА ШТИП НАЈДЕНА ПЦОВИСАНА ЛИСИЦАИ локалните ловџии се чудат како лисицата дошла до центарот на градот (Фото: Т. Јовановски)

    Во центарот на Штип, на тротоарот кај мостот кај штипската гимназија, е најдена пцовисана лисица. Неколку часа, таа гo привлекуваше вниманието на минувачите, сè додека комуналците не ја отстранија.

    Членови на штипското ловечко друштво се чудат како може лисица да дојде до централното градско подрачје. Некои од нив сметаат дека лисицата се пуштила во потрага по храна и вода по реката Отиња и така дошла до центарот на градот, каде во текот на ноќта најверојатно била удрена од возило.

    Дека е можно да има лисици во градот, потврдуваат и жителите кои гравитираат кон ридот над Штип. Тие велат дека деновиве забележале лисици и во нивните дворови, најверојатно, во потрага по храна. Едно од нив е семејството Данаилови, кое вели дека се стаписале кога спроти масата виделе лисица. Една минута немо се гледале, по што лисицата си заминала низ отворената врата, од кадешто и влегла.

    Не само лисици, жителите од овој дел на Штип велат дека на пролет, кога станувало жешко, имале чести средби и со змии и гуштери.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира