ВО ВЕЛЕС ВОВЕДЕНА И ВТОРА СМЕНА ЗА ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19 ПОРАДИ ГОЛЕМ ИНТЕРЕС

    ВО ВЕЛЕС ВОВЕДЕНА И ВТОРА СМЕНА ЗА ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19 ПОРАДИ ГОЛЕМ ИНТЕРЕСНа вакциналните пунктови заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 186.146 граѓани. - Вакцинален пункт во Велес. (Фото: СДК.МК)

    Пред Здравствениот дом Велес, граѓаните од повозрасните генерации трпеливо чекаат во редици за да се вакцинираат против ковид-19. Неколку дена се врши ревакцинација на лицата кои претходно примија вакцина од „Синофарм“, а од денес се вакцинираат и граѓани кои добиваат прва доза од „АстраЗенека“.

    „Евидентно е дека има голем интерес и затоа работиме не во една смена како досега туку до 20 часот“, рече д-р Пандели Божиков од Здравствен дом Велс, каде е лоциран вакциналниот пункт.

    Според нивната документација, денес вакцина треба да примат 260 лица. Во велешко изминативе два дена нема регистрирано нов случај на позитивен на ковид-19, во Велешката болница згрижени се 32 пациенти, а активни се 86 случаи.

    Пунктот за масовна вакцинација во Велес, според најавите, треба да започне со работа од 25 мај и тоа во спортската сала на средното училиште „Коле Неделковски“.

    Според Министерството за здравство, на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 186.146 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.179 граѓани, а вчера вкупно се аплицирани 12.352 дози вакцини. Во државата вкупно се аплицирани 219.977 дози вакцини, а ревакцинирани се 33.831 граѓанин.

    Со последните бројки, 43% од пријавеното за вакцинирање население над 70 години има примено барем една доза вакцина и 33% од пријавените над 65 години се вакцинирани со барем една доза вакцина. На веб страницата vakcinacija.mk пријавени се 376.793 граѓани.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира