ВО ВЕЛЕШКО ИМА 155 ПРВАЧИЊА ПОМАЛКУ ОД ЛАНИ

    ВО ВЕЛЕШКО ИМА 155 ПРВАЧИЊА ПОМАЛКУ ОД ЛАНИОпштината во мај од МВР доби податок дека 556 деца треба да почнат образование во седумтте велешки основни школи, а на настава сега се 401 првоодделенец. (Фото: СДК.МК)

    Во Велешко има 155 првачиња помалку од лани. На училиште оваа година тргнаа децата родени во 2019, а таа година во Велешко беа родени 600 бебиња. Годинава 401 првоодделенец доби од Општина Велес парична помош од три илјади денари која ја доделува локалната власт. Тоа е за 155 помалку од бројот на првооделенци што Општината го доби од МВР во мај, дека 556 деца треба да почнат образование во седумтте велешки основни школи.

    Толкава беше и бројката, 556 деца, кои требаше пред да тргнат на училиште пролетва да поминат на задолжителен систематски преглед кај очен лекар и на стоматолог.

    Голем е бројот на деца кои недостигаат во прво одделение во основните училишта во Велешко поради менување адреса.

    Во ОУ „Панко Брашнар“ тоа се 37 деца, во ОУ „ Блаже Конески“ во странство заминале 30 деца. Во други училишта, разликата во бројот на деца кои требало да се запишат е заедно со тие кои се иселиле со родителите. Така во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ недостигаат 55 деца, во ОУ „Васил Главинов“ 40 првооделенци. И во училиштето во Бузалково, каде настава посетуваат ученици на албански јазик, има намалување на бројот, таму наместо 35 се запишале 30 ученици во прво одделение.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира