ВО ВТОРНИК И СРЕДА ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

    ВО ВТОРНИК И СРЕДА ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕВтората фаза од авионската дезинсекција ќе се одвива во вторник и среда рано наутро.(Фото: СДК.МК)

    Во вторник и во среда во Скопје ќе се прска против комарци со авиони, најавија властите на Град Скопје. Дезинсекцијата од земја ќе почне во среда и ќе заврши најдоцна до сабота. Прскањето од земја ќе се врши од 23 до 4 часот.

    „Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, велат од Град Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира