ВОДАТА ОД ШТИПСКИОТ ВОДОВОД НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ ДОДЕКА НЕ СЕ ПРИЛАГОДИ СИСТЕМОТ ЗА ХЛОРИРАЊЕ НА ХИДРОСИСТЕМОТ „ЗЛЕТОВИЦА“ СО БУНАРИТЕ

    ВОДАТА ОД ШТИПСКИОТ ВОДОВОД НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ ДОДЕКА НЕ СЕ ПРИЛАГОДИ СИСТЕМОТ ЗА ХЛОРИРАЊЕ НА ХИДРОСИСТЕМОТ „ЗЛЕТОВИЦА“ СО БУНАРИТЕЦистерни носат вода за пиење од соседните градови и се дистрибуира по штипските населби. (Фото: СДК.МК)

    Над 60 илјади граѓани од Општина Штип веќе четврти ден за пиење и готвење се снабдуваат со флаширана вода од продавниците и од цистерни кои носат вода од соседните градови и се дистрибуираат по штипските населби. Општинските власти апелираат водата од водоводниот систем да не се употребува за пиење и готвење, затоа што по стартот на преработка на водата од Хидросистемот „Злетовица“ се јавила потреба за подесување на системот за комбинирано хлорирање на водата од овој систем и од штипските бунари преку кои градот досега се снабдуваше со вода.

    Градоначалникот на Штип Иван Јорданов и директорот на ЈП „Исар“ Трајче Здравков, во чиј состав работи и филтер-станицата, уверуваат дека водата што и сега тече по славината во домовите е исправна според секојдевните анализи, но од превентивни причини се одлучиле да апелираат водата да се користи само за техничка употреба, сè додека стручната екипа од Словенија не ги заврши до крај прилагодувањата на системот за хлорирање и не се добие последната дозвола од Агенцијата за храна и ветеринарство.

    Повеќе граѓани реагираат дека по оваа локална водоводна криза, во повеќе продавници забележале зголемена цена и за три денари по едно флаширано шише од литар и пол.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира