Поради обилните врнежи дожд забележано е зголемување на водостојот на реките и излевање на повеќе водотеци во Преспанскиот Регион, што доведе до поплавување на поголем број куќи и дворни места, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Од јавното комунално претпријатие „Пролетер“ од Ресен соопштија дека поради интензивните врнежи и огромниот природен прилив на вода, моментално е нарушен квалитетот на водата во делови од водоводниот систем.
„Поради ваша безбедност, водата привремено не се препорачува за пиење. Ова е последица на екстремните временски услови, а не на самата мрежа. Нашите екипи се на терен и веднаш по стабилизирањето на природниот притисок и квалитет, водата ќе биде вратена во редовна и безбедна состојба“, соопштија од „Пролетер“.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



