ВОДЕЧКИТЕ ПАРТИИ ВО ШТИП СЕ СКАРАА ОКОЛУ ИЗБОРОТ НА КОМАНДИР НА ПОЛИЦИЈАТА

    ВОДЕЧКИТЕ ПАРТИИ ВО ШТИП СЕ СКАРАА ОКОЛУ ИЗБОРОТ НА КОМАНДИР НА ПОЛИЦИЈАТАДраган Данев останува командир на полициската станица во Штип (Фото: СДК.МК)

    Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се скараа на последната седница на Советот кога на дневен ред дојде изборот на шефот на градската полиција.

    Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ демонстративно ја напушти седницата со образложение дека не е во ред да се врши ваков избор на неколку месеци пред парламентарните избори, а предложените кандидати, кои и досега биле на највисоките функции во полициската станица во Штип, ништо не сториле во откривањето на сторителите на двата подметнати пожара, во кои изгореа неколку автомобили.

    СДСМ сметаше дека безбедносната состојба во градот е стабилна и нема никакви пречки да се изврши изборот на предлог на министерот Спасовски, па за шеф на полицијата беше избран Драган Данев, кој и досега беше командир. Останатите двајца кандидати, Ристо Бумбаров и Ванчо Коцевски, најверојатно и натаму ќе ја вршат функцијата помошници на командирот.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира