БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ВОЗЕЛ НЕРЕГИСТРИРАНА КОЛА И УДРИЛ ВО ТРОЈЦА ПЕШАЦИ ВО ТЕТОВСКОТО СЕЛО ДОБАРЦЕ

    БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ВОЗЕЛ НЕРЕГИСТРИРАНА КОЛА И УДРИЛ ВО ТРОЈЦА ПЕШАЦИ ВО ТЕТОВСКОТО СЕЛО ДОБАРЦЕОваа година, девет пешаци се повредени во сообраќајки во Тетовско (Фото: СДК.МК)

    Тројца пешаци се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера на патот кај тетовското село Добарце. Според СВР Тетово, во изминатите дваесетина дена имало дури девет сообраќајки во кои се повредени пешаци.

    „Вчеравечер околу 21:30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат во тетовско Добарце, патничко моторно возило ‘опел вектра‘, кое нерегистрирано и без дозвола го управувал 44-годишниот Х. Ј. од ова село, удрило во пешаците Б. К. (34), В. Л. (35) и Ф. Л. (42), негови соселани. Во несреќата, В. Л. и Ф. Л. се здобиле со тешки, а Б. К. со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово“, соопшти Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

    Пешаците во Тетовско често се жртви на несовесните возачи. Минатата година, во Тетовскиот Регион три лица загинале на ваков начин, девет завршиле со тешки, додека кај 53 лица биле констатирани телесни повреди.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира