Полицијата лишила од слобода двајца возачи од Битола и Прилеп кои управувале возила со скоро 100 километри на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол.
„Вчера, на 4 ноември во 16.04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишијле од слобода Е.А.(47) од Битола. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило ‘јагуар‘ со битолски регистарски ознаки со брзина од 179 километри на час на место каде максимално дозволената брзина со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час“, велат од СВР Битола,
Денес, 5 ноември, во 2 часот по полноќ на улицата Тризла во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишијле од слобода А.Е.(22) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е., и при преземање мерки констатирано било дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,75 промили алкохол во крвта, а дозволени се 0, 5.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



