ВРАБОТЕН ВО ОПШТИНА ОХРИД МАНИПУЛИРАЛ ПРИ УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ

    ВРАБОТЕН ВО ОПШТИНА ОХРИД МАНИПУЛИРАЛ ПРИ УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТОштетена зграда во Охрид од земјотресот во јуни 2017 година (Фото: СДК.МК)

    Вработен во Општина Охрид ќе биде дисциплински казнет откако се откриени неправилности при утврдувањето и исплатата на штетите од земјотресот во Охрид во јуни 2017 година.

    „Дисциплинската комисија која што ја формирав на 4 јануари, а поврзана со утврдувањето и исплаќањето на штетите од елементарната непогода поврзана со земјотресот, во предвидениот законски рок од 20 дена изготви извештај во кој ме информираа дека кај административниот службеник постои одговорност за сторен дисциплински престап“, рече в.д. градоначалникот Константин Георгиески.

    Надлежната комисија, ценејќи ги сите отежнителни и олеснителни околности, со тајно гласање утврдила сторен дисциплински престап и утврдила изрекување на дисциплинска мерка во висина од 30% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред извршување на дисциплинскиот прекршок, во траење од 6 месеци.

    Поради постоењето на основни сомненија за неправилности, в.д. градоначалникот, денес достави Барање за постапување до Министерството за внатрешни работи, во чиј прилог е и писмото до Јавното обвинителство, што по претходно задолжение го испрати претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска. Со ова, општина Охрид ги искористи сите пропишани правила за постапување во вакви случаи, соопштија од локалната самоуправа во Охрид.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари