ВРЕМЕНА ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ЗА КАМЕНОЛОМОТ КАЈ ПРЕВАЛЕЦ, ДОДЕКА СЕ ИСПИТА ОД ШТО БИЛА ЗАГАДЕНА РЕКАТА ТОПОЛКА КАЈ ВЕЛЕС

    ВРЕМЕНА ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ЗА КАМЕНОЛОМОТ КАЈ ПРЕВАЛЕЦ, ДОДЕКА СЕ ИСПИТА ОД ШТО БИЛА ЗАГАДЕНА РЕКАТА ТОПОЛКА КАЈ ВЕЛЕСПри увидот инспекторите констатирале дека на вливот реката Тополка има заматена бела боја на водата, како и угинати риби. (Фото: ДИЖС)

    Државниот инспекторат за животна средина издаде времена усна наредба каменоломот и варница Превалец-Технопавер да престане со работа, додека не излезат резултатите од анализата на водата од реката Тополка кај Велес, која вчера побеле, а по чиј тек беа забележани и угинати риби. Според информациите од ДИЖС вчера по добивање на информациите за можно загадување на реката Тополка, направиле вонреден надзор заедно со центарот за јавно здравје од Велес.

    „При увидот извршен во 14 часот вчера констатирано е дека има угинати риби на вливот на реката Тополка во Вардар и заматеност на водата со белузлава боја. Направен е ннадзор на речното корито под правниот субјект каменолом и варница Превалец-Технопавер и констатирано е дека водата над мостот кај населбата Превалец е чиста и нема угинати риби. Под испустот на отпадни води од каменоломот не е забележана угината риба во должина од 500 метри“, стои во извештајот на Државниот инспекторат за животна средина.

    Центарот за јавно здравје Велес зел мостри од водата за испитување, а Инспекторатот ќе преземе други мерки по добивање на резултатите од испитувањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира