ВТОРА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРОТ НА „ВОДОВОД“ И ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ ВО БИТОЛА МИЛЕВСКИ, СО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО ПАТУВАЛ ВО СТРАНСТВО

    ВТОРА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРОТ НА „ВОДОВОД“ И ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ ВО БИТОЛА МИЛЕВСКИ, СО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО ПАТУВАЛ ВО СТРАНСТВОПеце Милевски (лево) вели дека пријавите се со политичка заднина; - Со пратеникот Александар Николовски. (Фото: Архивска фотогтрафија)

    Битолската полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Пеце Милевски (39) од Битола, актуелен директор на битолското Јавното претпријатие „Водовод“, кој се сомничи за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Тој воедно е и локален лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, а за директор на претпријатието беше поставен во декември 2021 по промената на локалната власта. За десет дена ова е втора кривична пријава поденесена од СВР Битола против него.

    Според соопштението на СВР Битола, директорот Милевски на 14.08.2022, на 26.08.2022 и на 02.09.2022 реализирал три службени патувања во странство со службено возило на ЈКП „Водовод“, патувајќи со лица кои не се вработени во претпријатието и тоа со претходно донесени непрецизирани и некомплетни одлуки од Управниот одбор за одобрување на службени патувања во странство. Исто така, тој како одговорно лице во текот на 2022 примил фактура во износ од 20.088 денари од овластен сервис за поправка на службеното возило, која била наплатена од сметката на ЈКП „Водовод“, иако возилото било каско осигурано.

    На 17 февруари беше поднесена кривична пријава против Јавното комунално претпријатие „Водовод“ и против директорот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, казниво по член 244 од Кривичниот законик. Милевски во текот на април и мај 2022, без да изготви соодветна документација и проект и без одобрение за градба, дозволил изградба на подземна инсталација на место каде претходно не постоела.

    Милевски за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека обвинувањата се неосновани и дека не сторил никакви злоупотреби. Претпоставува дека целиот случај има политичка позадина, а за политиката вели дека „станала гнасна“.

    „Јас сум побарал дозвола од Управниот одбор да завршам работа во интерес на Јавното претпријатие, целта е меѓугранична соработка со Лерин. Две патувања се поради оставрива средба со директорката на леринското претпријатие за да подготвиме ИПА проект, заедно да аплицираме, а тие веќе работат на дигитални водомери, патувањата се во тој домен. А за третото веќе постои склучена солемизација за плаќање на обврска“, вели Милевски.

    За фактурата за поправка на возилото додава дека се однесува на промена на пластични делови кои биле оштетени од претходно, уште пред тој да дојде за директор, не биле променети, а за нив каското не може да се искористи.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира