Вториот пешадиски баталјон (2 ПБ) со големо дефиле денеска во касарната „Јане Сандански“во Штип, каде е и седиштето на единицата, ја одбележа 34-годишнината од основањето. Оваа единица уште од формирањето стана еден од главните чинители на Армијата, а од 27 март 2020 со влегувањето во НАТО и една од главните единици на Алијансата.
„Нашите единици се рамноправни во рамките на НАТО и досега на големиот број заеднички вежби и мировни мисии покажаа дека се рамо до рамо со останатите единици. Уште во 1996 година единица на нашата Армија за прв пат учествуваше на воените маневри ‘Мировен орел‘ и на воени воени вежби надвор од границите на нашата држава. Следеа бројни мултинационални и национални вежби во земјата и странство како што се ‘Брз одговор 2025‘ , па се надоврза вежбата ‘Блесок 2026‘ и други заеднички маневри“, рече командантот на Вториот пешадиски баталјон, потполковникот Ристо Стоев.
Тој, потсети и на историскиот факт дека оваа единица ги продолжува традициите на баталјонот „Мирче Ацев“ кој беше формиран на Славеј Планина на 18 август 1943 година. Овој датум денес е Ден на Армијата.
Македонските војници во изминатите години со голем професионализам ја претставуваа државата во меѓународните операции во Авганистан, Ирак, Босна и Херцеговина, Либан, Косово, Латвија, Романија и Бугарија, рече тој.
„Припадници на 2 ПБ не отстапија ниту во најтешките моменти кога татаковината и граѓаните имаа потреба од најзината помош. Тие беа ангажирани во справувањето со последиците од природните непогоди, учествуваа во гаснењето на пожарите на повеќе од 30 локации на теритријата на државата“, рече Стоев.
За својот придонес Вториот пешадиски баталјон има добиено голем број признанија, а на денешната пригода во штипската касарна повеќе припадници на единицата беа унапредени, наградени и пофалени.
Т. ЈОВАНОВСКИ



