ЗА ДА ИМА РЕД ВО ПАРКИРАЊЕТО ВО ВЕЛЕС, ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ

    ЗА ДА ИМА РЕД ВО ПАРКИРАЊЕТО ВО ВЕЛЕС, ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИКоцевски најавува изградба на катна и подземна гаража (Фото: СДК.МК)

    Најавата за воведување зонско паркирање во Велес ја бранува јавноста во градот. Остануваат дилемите и неразјаснети прашања дали така во еден дел на градот ќе се воведе ред, а во друг дополнително ќе се отежнат сообраќајот и живеењето.

    Градоначалникот Коцевски вели дека има доволно простор за паркирање и за потребите на возачите кои доаѓаат во централното градско подрачје за да завршат неопходни работи.

    „Заради задоволување на потребите на возачите, во завршна фаза се плановите за изградба на катна гаража во близина на Агенцијата за вработување, а Архитектонски факултет го завршува идејниот проект за подземна гаража под плоштадот, каде што сега е паркинг. Обезбедивме времен паркинг од десната страна на Мало мовче. Паркингот од левата страна е повеќе празен отколку полн, а тоа е во пазарните денови. Мој став е дека имаме доволно паркинг места во централното градско подрачје, но имаме лоши навики. Не сакаме да одиме пешки, туку сакаме со возилото да одиме до нотар, суд, банка, пошта. Треба да ги смениме нашите навики и тогаш нема да се чувствува проблемот со паркирањето“, кажа Коцевски.

    На прашањето како планира да го реши проблемот со непрописното паркирање кое веќе го има во месноста Дворови, позади Ликовниот салон и кон училиштето „Блаже Конески“, тој вели:

    „Тоа е очекувано. Тие што сакаат да избегнат плаќање паркинг бараат решение во околни улички. Ќе бараме решенија благовремено за да не дојде до закрчување на сообраќајот во тие делови“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира