ЗА ДА ИЗВАДАТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВОЗАЧ, ПОЖАРНИКАРИ СЕЧЕА КОЛА ШТО ИЗЛЕТА ВО ЕНДЕК ОД ПАТОТ КАВАДАРЦИ-РОСОМАН

    ЗА ДА ИЗВАДАТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВОЗАЧ, ПОЖАРНИКАРИ СЕЧЕА КОЛА ШТО ИЗЛЕТА ВО ЕНДЕК ОД ПАТОТ КАВАДАРЦИ-РОСОМАНСообраќајката била во месноста Краиште, а колата паднала во тешко пристапен терен (Фото: СДК.МК)

    За да извадат тешко повреден возач, пожарникари синоќа сечеа возило кое излетало во ендек од патот Кавадарци-Росоман.  Сообраќајката била во месноста Краиште, потврди Илчо Богевски, командир на Територијалната противпожарна единица.

    „Едвај го извадивме, бидејќи возилото беше исфрлено на недоволно пристапен терен. Веднаш по дојавата заминавме на лице место со две возила и тројца пожарникари, бидејќи освен при пожари интервенираме и при сообраќајни несреќи”, ни рече Богевски и апелираше за време на новогодишните празници особено да се внимава при возењето.

    Од Итната медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци велат дека поради тешки повреди настанати при тумбање на автомобилот, повредениот во придружба на анестезиолог и медицинска сестра е препратен на лекување на скопските клиники.

    С. ДАРУДОВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира