ЗА ДА НЕМА ЗАТНАТИ ШАХТИ, НЕ ФРЛАЈТЕ ВО НИВ ДУШЕЦИ, ПЕЛЕНИ И ОБЛЕКА, ВЕЛАТ ОД „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“ ВО СКОПЈЕ

    ЗА ДА НЕМА ЗАТНАТИ ШАХТИ, НЕ ФРЛАЈТЕ ВО НИВ ДУШЕЦИ, ПЕЛЕНИ И ОБЛЕКА, ВЕЛАТ ОД „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“ ВО СКОПЈЕНајголем проблем е фрлање на цврст, неразградлив отпад во канализацијата. (Фото: СДК.МК)

    Екипи се на терен и секојдневно ги чистат шахтите и сливниците, велат од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје по врнежите од дожд деновиве. Од таму велат дека засега немаат поголеми проблеми со затнати шахти и поплавени улици, но сепак апелираат граѓаните да не фрлаат што ќе се стасаат во канализацијата.

    „Деновиве немавме обилни и нагли дождови како што е случај во лето, па немавме проблеми. Секојдневно се чистат сливниците и шахтите особено на критичните точки како подвозници и клучките. Но сепак, постојано имаме проблем со затнување на мрежата со цврст отпад кој го фрлаат граѓаните. Наоѓаме јамболии, столици, казанчиња, облека. Апелираме граѓаните да внимаваат што фрлаат бидејќи тоа што го одложуваат на крајот пак се враќа во нивните домови“, велат од ЈП „Водовод и канализација“.

    Од претпријатието велат дека голем проблем им создаваат и влажните марамчиња и пелени кои граѓаните постојано ги фрлаат, а не се разградливи и притоа доаѓа до запушување на мрежата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира