ЗА ЕКОЛОГИСТИТЕ ОБЕЗБЕДИВМЕ И АВТОБУС, АМА НИКОЈ НЕ ДОЈДЕ НА „ДРИСЛА“, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ

    ЗА ЕКОЛОГИСТИТЕ ОБЕЗБЕДИВМЕ И АВТОБУС, АМА НИКОЈ НЕ ДОЈДЕ НА „ДРИСЛА“, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕОд кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов вчера испратиле покани до 11 организации и здруженија, кои организираа протести и испраќаа барања и петиции до Градот за преземање мерки против загадувањето и испитување на работата на депонијата.- Од протест пред Влада против загадувањето (архивска фотографија)

    Ниту едно невладино еколошко здружение не дојде денеска на отворениот ден на депонијата „Дрисла“. Од кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов вчера испратиле покани до 11 организации и здруженија, кои организираа протести и испраќаа барања и петиции до Градот за преземање мерки против загадувањето и испитување на работата на депонијата.

    Денеска никој од овие организации не дојде на „Дрисла“ каде што можеше да се поставуваат прашања и да се види начинот на работата на печката за медицински отпад. За новинарите и екологистите имаше организиран автобуски превоз, односно два автобуси, еден за новинари и еден за невладините организации. Комбето за екологистите остана пред Град Скопје оти немаше ниту еден нивни претставник.

    „Испративме покани до 11 граѓански иницијативи и невладини организации во кое наведовме дека денеска ќе се организира отворен ден на депонијата. Во поканата беше наведено дека е обезбеден и автобуски превоз од бараките на Градот до ‘Дрисла’ и назад. Три организации ни одговорија дека поради работни обврски нема да можат да присуствуваат, од другите не добивме никаков одговор. Денеска ниту еден претставник не дојде на отворениот ден“, велат од кабинетот на градоначалникот Шилегов.

    Директорот на „Дрисла“ Горан Ангелов на отворениот ден рече дека депонијата е отворена за граѓаните, новинарите и невладините организации и дека нема никакви пречки за кој било да дојде да ја посети.

    На депонијата „Дрисла“ дека беше промовиран филтерот за печката на медицински отпад кој ги апсорбира штетните честички кои се испуштаат во воздухот. Печката која од 2000 година согорува медицински отпад на депонијата досега немаше филтер.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира