Фармерот Душко Илиевски не може да извади пасош зашто судот не ја повлекол забраната што му била изречена да не смее да ја напушти земјава, откако во 2010 година бил притворен како осомничен за одгледување марихуана. Илиевски вели дека иако пред четири години судот донел правосилна ослободителна пресуда по обвинението, сепак забраната не е повлечена.
„Со адвокат бев во МВР во Скопје да видам што е работата, зошто во Битола не можам да извадам пасош. Таму ми кажаа дека уште не е повлечена забраната што ми беше изречена во 2010 година. Ми рекоа да доставам барање во судот. Се прашувам, зошто само за мене останала забраната толку долго? За брат ми нема забрана за да извади пасош иако заедно со мене беше обвинет и суден. Ова не мислам дека е случајно“, изјави Илиевски за „САКАМДАКАЖАМ.МК“
Од битолскиот суд велат дека забраната се повлекува по автоматизам кога има ослободителна пресуда. Ако пак не е повлечена, потребно е лицето да се обрати до судот , од каде ќе му биде издадено решение кое ќе го достави со СВР, па ќе му биде издадена патна исправа.
Фармерот Илиевски пред десетина дена за „САКАМДАКАЖАМ.МК“ изјави дека бара политички азил зашто како што рече не може повеќе да ја издржи тортурата од државата.
„Како што во 2010 година ми се случуваа притисоци со полицијата и со судот, еве сега 2016 година ми се случуваат истите проблеми. Често пати во полиција ме викаат на разговори. Дома комбиња ми идат небаре свадба ќе правиме, што згрешив толку за да ме малтретираат? Деновиве инспектори поминаа покрај моите ниви со уште еден битолчанец. Фотографираа таму, нивата полна е со дива марихиана како и пред шест години . Во која бавча да одам ме снимаат, што сликаат не знам“, ни изјави неодамна Душко.
Од битолската полиција велат дека против него не биле преземени никакви активности деновиве.
Душко Млекарот јавноста го памети како водач на фармерите кои протестираа пред шест години кога шведската млекарница „Сведмилк“ не им го исплати млекото. Тој беше најгласен меѓу фармерите, а по кусо време беше поднесена кривична пријава против него, брат му и татко му дека на нивата во Битолско Поле одгледувале марихуана. Тројцата десетина дена поминаа во притвор, а во текот на судскиот процес беа ослободени зашто се докажа дека не се работело за марихуана туку за див коноп, кој е самоник низ Битолското Поле.
ЗА ФАРМЕРОТ ДУШКО НЕМА ПАСОШ ОТИ ЌЕ БАРА ПОЛИТИЧКИ АЗИЛ
a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)
Содржината на текстовите во категоријата Дописна мрежа е единствена одговорност на www.sdk.mk и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.