ЗА КАВАДАРЧАНЕЦ КОЈ ЛАЖEЛ НА ФЕЈСБУК ДЕКА ПОЛИЦИСКИ НАЧАЛНИК ГО СКРИЛ ДЕЛОТО НА СИНОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА МАКЕДОНСКИ ШУМИ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА КАЗНА 3.000 ЕВРА

    ЗА КАВАДАРЧАНЕЦ КОЈ ЛАЖEЛ НА ФЕЈСБУК ДЕКА ПОЛИЦИСКИ НАЧАЛНИК ГО СКРИЛ ДЕЛОТО НА СИНОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА МАКЕДОНСКИ ШУМИ, ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА КАЗНА 3.000 ЕВРАКавадаречкото обвинителство отворило предмет по допрен глас, извршило проверки и утврдило дека настанот е заведен истиот ден во книгата за дневни настани и уредно е поднесена кривична пријава против синот на директорот на „Македонски шуми“. (Фото: Пекселс)

    Лажна вест објавена на Фејсбук дека полициски началник сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластувањата со тоа што го поштедил синот на директорот на „Македонски шуми“, ќе го чини кавадарчанец казна од 3.000 евра.

    Јавен обвинител од ОЈО Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице кое го сторило кривичното дело – Лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 од Кривичниот законик. За лажното пријавување обвинителството му предложило на Основниот суд во Кавадарци, на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 30 евра.

    „Обвинетиот на 2 април 2020 година преку својот профил на Фејсбук, лажно пријавил дека е сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик, иако знаел дека тоа не е така. Тој во објавата истакнал дека истиот ден, син на функционер од едно јавно претпријатие од Скопје, за време на полицискиот час е приведен во полициска станица во Кавадарци. Едновремено, обвинетиот во објавата истакнува дека началникот на полициската станица во Кавадарци нема да постапи во предметот“, вели Обвинителството за овој настан.

    ОЈО Кавадарци отворило предмет по допрен глас, извршило проверки и утврдило дека настанот е заведен истиот ден во книгата за дневни настани и уредно е поднесена кривична пријава против синот на директорот на „Македонски шуми“ до Јавното обвинителство Кавадарци.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира