ИВАН СТОИЛКОВИЌ, ПРЕДЛОЖЕН ЗА МИНИСТЕР ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, ГИ НАВРЕДУВАЛ И ПЦУЕЛ ПРАТЕНИЦИТЕ, СДСМ, ДУИ И АЛИЈАНСА ЈА НАПУШТИЈА СЕДНИЦАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА

    ИВАН СТОИЛКОВИЌ, ПРЕДЛОЖЕН ЗА МИНИСТЕР ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, ГИ НАВРЕДУВАЛ И ПЦУЕЛ ПРАТЕНИЦИТЕ, СДСМ, ДУИ И АЛИЈАНСА ЈА НАПУШТИЈА СЕДНИЦАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТАПратениците од опозицијата поради навредите од Стоилковиќ побараа седницата да биде прекинатаи рекоа дека е неприфатливо ваквото однесување на кандидат за министер. (Фото: К. Попов)

    Актуелниот министер за односи меѓу зедниците  Иван Стоилковиќ, кој сега е предлог за нов министер за локална самоуправа, на денешната седница за реконструкција на Владата ги пцуел и навредувал пратениците. Пратениците од опозицијата поради навредите од Стоилковиќ побараа седницата да биде прекината, и рекоа дека е неприфатливо ваквото однесување на актуелен министер и кандидат за министер во друг ресор.

    Како што кажаа пратениците, Стоилковиќ, кој е од Демократската партија на Србите во Македонија, ги навредувал пратениците кои од говорницата го критикуваа неговото кандидирање на министер за локална самоуправа уште во салата, а потоа неговото недолично однесување продолжило во Клубот на пратеници за време на паузата.

    „Тензијата продолжи и во Клубот на пратенциите со пцости. Реагираа пратениците, спречен беше физички конфликт, но беше избркан од Клубот на пратеници. Не гледам никаква причина да продолжи седницата после ова. Барам да се преземат мерки, а кандидатот за министер да побара јавно извинување од пратениците“, рече Халид Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците.

    Пратеничката од ДУИ Рина Ајдари рече дека итно треба да биде прекината седницата поради однесувањето на Стоилковиќ и дека за неговите навреди ќе бидат информирани сите странски амбасади и делегации во земјава.

    Пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски исто така побара да се прекине седницата и да се свика итна координација на пратеничките групи, бидејќи недозволиво е кандидат за министер да навредува пратеници.

    Претседателот на Собранието Африм Гаши даде пауза за координација на пратеничките групи иако најпрво велеше дека нема потреба од пауза и координација и оти седницата треба да продолжи.

    Во вонредниот состанок на пратеничките групи, пратениците на опозиционите СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците ја напуштија седницата на Парламентот и најавија дека нема да учествуваат во работата на Собранието се додека не чујат лично извинување од премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за министер Иван Стоиљковиќ.

    По тој состанок координаторот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, како што рече, во име на мнозинството побара почитување на Етичкиот кодекс на пратениците и побара од секого примерно и одговорно однесување. На тоа жестоко реагираа Ајдари и Спасовски кои побараа извинувањето да биде лично од Стоиљковиќ или да биде извинувањето од негово име. Откако не го добија, побараа прекин на седницата и продолжување утре за да се смири атмосферата во пленарната сала.

    По напуштањето на пратениците од трите опозициски партии, седницата продолжи, а во салата одкако опозиција останаа само пратениците на Левица кои жестоко ја критикуваа досегашната работата на Владата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира