ЗА КОЛЕДЕ ВО ВЕЛЕС ГОРЕА САДНИЦИ ОД ГРАДСКИОТ ПАРК

    ЗА КОЛЕДЕ ВО ВЕЛЕС ГОРЕА САДНИЦИ ОД ГРАДСКИОТ ПАРКВо дворот на ОУ „Васил Главинов“ уништена е дел од урбаната опрема. Изгорени се клупите за седење, поставени околу боровите. (Фото: СДК.МК)

    Коледарските огнови во Велес, направија штета на општинскиот имот. На две локации во градот, изгорени се млади садници и урбана опрема. Во Градскиот парк, каде некој запалил коледарски оган, користел како материјал, пластика, шишиња но и млади садници.

    Вандализмот во Градскиот парк продолжува. За време на Коледе, група несовесни граѓани, таму запалиле оган и поради недостиг на дрва, користеле дел од засадените зимзелени дрвја. Откорнати се и запалени пет садници – изјавија од ЈКП Дервен. Така од неодамна засадените 40 нови млади садници, останаа само уште четири, оти 31 претходно беа украдени.

    Во дворот на ОУ „Васил Главинов“ пак уништена е дел од урбаната опрема. Изгорени се клупите за седење, поставени околу боровите.

    „Еве што користеле коледарите за палење на огнот. И каде тие утре ќе седнат да одморат, кога ги искористиле овие клупи за оган. Жално е што некои наши сограѓани немаат никаков однос кон градскиот имот, за кој сите плаќаме“, велат соседите.

    Локалната власт на Велес не препорача Коледарските огнови во градот, но забрани да се користи опасен отпад, пластични шишиња, гуми, кабли.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира