ЗА ОФИЦЕРСКИ ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА, А ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА УСЛОВНА КАЗНА МУ ИЗРЕЧЕ БИТОЛСКИОТ СУД НА ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ

    ЗА ОФИЦЕРСКИ ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА, А ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА УСЛОВНА КАЗНА МУ ИЗРЕЧЕ БИТОЛСКИОТ СУД НА ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИТалески е еден од обвинетите и во случајот „Транспортер“ што го имаше покренато СЈО во врска со превозот на ученици во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Ослободителна пресуда за кривичното дело Несовесно работење во службата му изрече Основниот суд Битола на поранешниот градоначалник Владимир Талески, потврдија од судот за САКАМДАКАЖАМ.МК. Овој судски процес се водеше по обвинение од Основното јавно обвинителство против Талески дека дури бил градоначалник не водел грижа за зградата на Офицерскиот дом во Битола и лустерот во него, не го обезбедил објектот и не презел сè што било потребно за негова заштита, па нанел штета на Општина Битола. Судот за овој процес уште на 14 февруари годинава донел ослободителна пресуда, но од таму посочуваат дека е првостепена и неправосилна.

    За другиот судски процес што против Талески се водеше исто така во Основниот суд Битола за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување изречена му е алтернативна мерка, односно условна казна со утврдена казна затвор од една година и рок на проверка од три години. Пресудата била донесена во јули година и не е правосилна.

    Талески е еден од обвинетите и во случајот „Транспортер“ што го имаше покренато СЈО во врска со превозот на ученици во Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари