ЗА ОСУМ МЕСЕЦИ РЕГИСТРИРАНИ 147 БРАКОВИ ВО ВЕЛЕС, ЗА ПОЛОВИНА ПОМАЛКУ ОД ЛАНИ

    ЗА ОСУМ МЕСЕЦИ РЕГИСТРИРАНИ 147 БРАКОВИ ВО ВЕЛЕС, ЗА ПОЛОВИНА ПОМАЛКУ ОД ЛАНИНа регистрацијата на новите бракови што се изведува согласно протоколите за заштит од ковид -19 во салата од Ликовниот салон, можат да присуствуваат само младенците, двајца сведоци и двете службени лица, матичарот и членот на Советот на Општината; - Панорама на Велес. (Фото: СДК.МК)

    Во првите осум месеци од годинава во Управата за водење матична евиденција (УВМЕ) – Подрачна единица Велес, заклучно до први септември се регистрирани 147 бракови, соопшти Управата. За споредба, во истиот период лани имало 265 новосклопени бракови.

    „Во Велешко има за безмалку половина помалку склопени бракови од лани, но ако се знае дека во овој период нема организирање свадби, веселби, бројката покажува дека животот продолжува и без свадби, младите склопуваат брак. За потсетување дека еден месец, во периодот од 20 март до 24 април годинава, на територијата на УВМЕ – Велес немаше ниту еден склопен брак“, велат од подрачната единица на Матичното во Велес.

    На регистрацијата на новите бракови што се изведува согласно протоколите за заштит од ковид -19 во салата од Ликовниот салон, можат да присуствуваат само младенците, двајца сведоци и двете службени лица, матичарот и членот на Советот на Општината. Можно е и склопување брак надвор од службена просторија на друга локација, за што се доплатува.

    Во Велес е досудена и првата казна затвор за кршење на забраната за правење свадби за време на пандемијата – домаќинот кој на 8 мај во дворот од семејната куќа организираше свадба на синот,доби условна затворска казна, оти во период кога свадбите се забранети, тој организирал веселба со бројни гости.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира