Компанијата „Агриа“ од Велес ги извезе првите количини свежо свинско месо во Албанија. Со ова, најголемиот производител на свинско месо во Македонија, започна со пласман во соседството.
„Ги извезовме првите седум тони свинско место на пазарите во Албанија. Ова е прв извоз на свинско месо од Македонија во оваа државам но и воопшто извоз на свинско месо од Македонија. Затоа има значење не само за нас како компанија, туку и за македонската економија“, кажа директорот во „Агриа“ кажа Томислав Колевски.
Досега, Македонија нема извезно свинско месо на кој било пазар и ова е прв таков пласман, потврдија и дурги царинско–шпедитерски извори, кои велат дека последните четири децении од Македонија нема извезено свинско месо на пазарите во други држави.
П. ПЕЧКОВ



