ЗА СУДБИНАТА НА ОХРИД ДА РЕШАВААТ ОХРИЃАНИ, А НЕ ПАРТИСКИТЕ МОЌНИЦИ ВО СКОПЈЕ, КАЖАА КАНДИДАТИТЕ ЗА СОВЕТНИЦИ ОД „ОХРИД ПРЕД СÈ“

    ЗА СУДБИНАТА НА ОХРИД ДА РЕШАВААТ ОХРИЃАНИ, А НЕ ПАРТИСКИТЕ МОЌНИЦИ ВО СКОПЈЕ, КАЖАА КАНДИДАТИТЕ ЗА СОВЕТНИЦИ ОД „ОХРИД ПРЕД СÈ“Носител на листата е Димитар Велјаноски. (Фото: СДК.МК)

    Општиот интерес секогаш пред личниот и партискиот, квалитетно управување со човечкиот потенцијал, рационално и транспарентно управување со општинскиот буџет, поголема посветеност и стручност при аплицирањето за финансирање од европските фондови, поефикасна соработка со бизнис – заедницата, подобра инфраструктура, поквалитетно и деполитизирано образование, зголемување на капцитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст.

    Ова се дел од програмските определби на граѓанската иницијатива „Охрид пред сè“ која со своја независна листа за членови во Советот на Општина Охрид ќе настапи на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври. Носител на листата е Димитар Велјаноски.

    На денешната прес-конференцијата кандидатите за советници во Советот на Општина Охрид кажаа дека ќе се залагаат и за култура во текот на целата година, развој на училишниот и младинскиот спорт, поефикасна соработка со невладиниот сектор, поголема грижа за ранливите категории и старите и изнемоштени лица како и заштита на животната средина.

    „За судбината на Охрид да решаваат охриѓани, а не партиските моќници во Скопје“, порачаа од „Охрид пред сè“.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира