ЗА ТРИ НЕДЕЛИ 1.350 ВАКЦИНИРАНИ ВО БИТОЛА, ЗА МАСОВНА ИМУНИЗАЦИЈА СЕ СПРЕМА СПОРТСКАТА САЛА НА МЕДИЦИНСКОТО УЧИЛИШТЕ

    ЗА ТРИ НЕДЕЛИ 1.350 ВАКЦИНИРАНИ ВО БИТОЛА, ЗА МАСОВНА ИМУНИЗАЦИЈА СЕ СПРЕМА СПОРТСКАТА САЛА НА МЕДИЦИНСКОТО УЧИЛИШТЕДосега се вакцинираа лица претежно на возраст над 77 години. (Фото: СДК.МК)

    За три недели се вакцинирале 1350 битолчани со вакцината на „АстраЗенека“ на вакциналниот пункт во школската амбуланта на училиштето „Даме Груев“ во Битола.

    „Има останато 350 вакцини. Распределени се по 150 термини на ден. Има термини уште за денес и утре, ама во зависност од колку ќе потрошиме вакцини, преку Мој термин пуштаат нови термини“, рече директорката на Здравствен дом Весна Спиркоска.

    Се вакцинираа лица претежно на возраст над 77 години, а за другите возрасни групи битолчани масовната имунизација ќе се изведува во спортската сала на Медицинското училиште во Битола.

    „Општина Битола ги има спроведено сите досегашни чекори кои ги има добиено како инструкции. Нашиот центар за имунизација ќе биде во спортската сала на Медицинското училиште, преземени се сите почетни чекори, сите консултации и создравање услови, во смисла конструкции на параваните, набавка на компјутерска техника и други задолженија. Активностите се започнати уште изминатата недела. Кога ќе започне имунизацијата не зависи само од тоа, туку и од организацијата на медицинскиот персонал, но многу набрзо масовната имунизација ќе ја имаме во нашиот регион“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

    Таа уште посочи дека се бележи пад на бројот на заболени, а врвот на третиот бран во Битола беше пред две до три недели.

    Денес е втор ден како бројот на хоспитализирани е помал од испишаните во Ковид-центарот во Битола. За 24 часа испишани се 22, а примени 14 нови. Во Ковид-центрот вкупно на болничко лекување се 124 болни, за разлика од изминатите денови кога имаше по 151. И од Центарот за јавно здравје соопштија дека има наналување на пријавените лица за правење ПЦР и брзи тестови.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира