ЗА ВИДЕОТО НА ТИКТОК СО ДЕТЕ КАКО ПУКА СО ПИШТОЛ ПРИВЕДЕН 39-ГОДИШНИК ОД БОГОВИЊЕ

    ЗА ВИДЕОТО НА ТИКТОК СО ДЕТЕ КАКО ПУКА СО ПИШТОЛ ПРИВЕДЕН 39-ГОДИШНИК ОД БОГОВИЊЕЗа настанот е информиран и Центарот за социјална работа, кој презема соодветни мерки согласно нивната надлежност, додаваат од МВР. (Фото: ТикТок)

    39-годишниот А.Џ. од тетовското село Боговиње е приведен поради основано сомнение дека на социјалната мрежа ТикТок објавил видео во кое се гледа како малолетно дете пука со пиштол, а му помагаат две лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

    Од полицијата велат дека во врска со видеото, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност веднаш презел мерки и активности за утврдување на деталите од видеото, меѓу кои и откривање на идентитетот на лицето и како резултат на тоа, денеска во 20.10 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Џ. (39).

    „Тој е задржан во Полициско одделение Камењане и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за ‘недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи’, предвидено и казниво по чл.396 од Кривичниот законик“, соопштија од МВР, додавајќи дека за настанот е информиран и Центарот за социјална работа, кој презема соодветни мерки согласно нивната надлежност.

    Видеото на ТикТок го објави профил со корисничко име Агрон Џафери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира