НА ТИКТОК СЕ ПОЈАВИ ВИДЕО ВО КОЕ ДВАЈЦА МАЖИ МУ ПОМАГААТ НА ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ДА ПУКА СО ПИШТОЛ НА НОВА ГОДИНА, ОД ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ВЕЛАТ НЕМААТ ТАКВА ПРИЈАВА

    НА ТИКТОК СЕ ПОЈАВИ ВИДЕО ВО КОЕ ДВАЈЦА МАЖИ МУ ПОМАГААТ НА ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ДА ПУКА СО ПИШТОЛ НА НОВА ГОДИНА, ОД ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ВЕЛАТ НЕМААТ ТАКВА ПРИЈАВАВидеото набрзо по објавувањето е симнато од ТикТок. (Фото: ТикТок/принтскрин)

    На популарната мобилна апликација ТикТок денеска се појави видео во кое мало дете, со помош на двајца возрасни мажи, пука со пиштол. На видеото има и датум од кој се гледа дека било снимено на 01.01.2021 година, 13 секунди по полноќ. Видеото е објавено од извесен корисник Агрон Џафери, за кој се претпоставува дека е од Тетово. Во видеото, кое трае 5 секунди, се гледа како малото дете на двапати пука од пиштолот кој го држи со помош на едното машко лице, додека другото сето ова го снима на мобилен телефон.

    Видеото набрзо по објавувањето е симнато од ТикТок, но веќе било повеќе пати споделено. Засега останува непознато кој стои зад корисникот Агрон Џафери, кој го поставил видеото и кои се двајцата мажи кои му даваат на детето кое има не повеќе од три години, да пука од пиштол.

    Од СВР Тетово велат дека ваков случај сѐ уште не е пријавен кај нив, а ако добијат пријава надлежните служби ќе преземат соодветни активности за откривање на лицата кои биле инволвирани во овој случај.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира