ЗА ВИКТОР МИЗО И НЕГОВИТЕ ВРАБОТЕНИ НЕ ВАЖАТ ПРАВИЛАТА ЗА ЗАБРАНЕТО ПАРКИРАЊЕ НА ПАРТИЗАНСКА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА ВИКТОР МИЗО И НЕГОВИТЕ ВРАБОТЕНИ НЕ ВАЖАТ ПРАВИЛАТА ЗА ЗАБРАНЕТО ПАРКИРАЊЕ НА ПАРТИЗАНСКА

    За Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони не важат правилата на Град Скопје. За да можат да паркираат вработените во Дирекцијата на чело со директорот Виктор Мизо, столпчиња кај нивните паркинг места нема иако тротоарот на булеварот Партизански одреди и пред и по Дирекцијата е ограден за да се спречи паркирањето.

    Со празните места за столпчиња паднаа во вода заложбите на градските власти за безбедност на велосипедската патека и најавите дека нема да прават исклочоци од правилото. Сега на тротоарот, преку велосипедската патека може да паркираат, но само државните службеници кои и претходно беа привилегирани во паркирањето оти имаа поставено механизми за резервиран паркинг.

    И покрај очигледната отстапка од Град Скопје велат дека секаде каде што се простираат патеките, ќе има и столпчиња.

    „Град Скопје плански го реализира проектот за изградба и реконструкција на велосипедските патеки. Составен дел на проектот е и заштитата на патеките со поставување на столпчиња и заштитни реквизити. Град Скопје не отстапува од планските мерки за заштита на просторот и насекаде кај што се проектират патеките и просторот се усогласува со ГУП-от и ДУП-овите ќе биде поставена заштита. Заштитата на пешачко велосипедските патеки ќе се спроведе и на посочената локација кај Дирекцијата  на почетокот на булеварот Партизански одреди. Засега се ископани дупки и наскоро ќе бидат поставени заштитни столпчиња, независно од потребите на субјектите кои имаат деловен простор во зградите“, велат од Град Скопје.

    Жителите од овој дел на градот пак велат дека столпчињата биле поставени па извадени за да може да се паркираат административнците и обвинуваат за селективна правда оти за нив паркинг местата се укинати. Тие минатата недела излекоа на штрајк за да го покажат револтот од одлуката на Градот да се укинат паркинг местата, но не успеаја да ги предомислат градските власти.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира