ЗАДОВОЛЕН СУМ ОД ПОСТИГНАТОТО ЗА ЕДНА ГОДИНА НА ВЛАСТ ВО ТЕТОВО, НО ИМАМЕ МНОГУ ОПСТРУКЦИИ, ВЕЛИ КАСАМИ

    ЗАДОВОЛЕН СУМ ОД ПОСТИГНАТОТО ЗА ЕДНА ГОДИНА НА ВЛАСТ ВО ТЕТОВО, НО ИМАМЕ МНОГУ ОПСТРУКЦИИ, ВЕЛИ КАСАМИКасами вели дека не е задоволен од соработката со централната и правосудната власт (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, даде отчет за сработеното за една година на власт. Вели дека е задоволен од постигнатото со оглед на тоа во колку тешка состојба ја наследил општината, но се пожали дека имал многу опструкции од централната и од судската власт.

    Задоволен сум, но сигурно може и подобро, имајќи ја предвид ситуацијата во која се најдовме. Задоволен сум од ангажманот на вработените, задоволен сум и од одговорот на граѓаните во делот на плаќањето на обврските. За 10 месеци реализирани се 120 проценти од приходите на општината и се надеваме дека до крајот на годината може да достигнат и до 150 проценти. Задоволни сме и од бизнис партнерите, кои покажаа разбирање за обврските и долговите кои веќе ги имаме“, изјави Касами.

    Иако се пофали дека општината од 24 милиони евра долг успеала да врати три милиони, од кои два милиона биле инвестирани во проекти, сепак има работи од кои не е задоволен.

    Не сме до толку задоволни од соработката со другите институции, од централната и правосудната власт. Досега поднесовме 5-6 кривични пријави за направени злоупотреби од претходното раководство, но немаме одговор. Претходното раководство работеше со финансиски лимит, но со нашето доаѓање на власт тој лимит е тргнат и поради тоа веќе сме со блокирана жиро-сметка. Еден предмет кој е главен товар на Општина Тетово, а тоа е фамозната експропријација на објект каде е досудена затезна камата од 1,5 милиони евра, е во судски процес кој трае со месеци, а, во меѓувреме, од општината се земаат затезни камати“, се пожали Касами.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира