ЗАЕВ МУ ПОНУДИ НА ЦИЦ ОД КУМАНОВО ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ

    ЗАЕВ МУ ПОНУДИ НА ЦИЦ ОД КУМАНОВО ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТИ Дамјановски беше кандидат за градоначалник за четврт мандат, но не ја доби подршката на централата и лидерот. Тој му се налути на Заев, поради што досега ја бојкотираше кампањата на Димитриевски, а вечерва за прват се појави на јавен собир. - од синоќешниот митинг (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев, синоќа од митинг во Куманово, на досегашниот градоначалник Зоран Дамјановски- Циц, му понуди да биде дел од извршната власт. Заев го пофали Дамјановски дека бил предводник во битката против предходната власт и заедно со неговите соработници ги издржал сите закани, инспекции, пријави, тортури и омаловажувања.

    „Другар мој успеавме, го соборивме режимот. Ја вративме слободата. Блесна Македонија слободарски. Ти благодарам на тебе и на твоето Куманово. Господ здравје да ти даде. Ѝтребаш на Македонија, вратите се отворени и во Куманово и во централната власт за луѓе со капацитет како твојот, за мојот тим, за цело Куманово“, рече Заев, што наиде на голем аплауз и овации кај присутните членови и сипматизери на централниот мититнг на кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски.

    И Дамјановски беше кандидат за градоначалник за четврт мандат, но не ја доби подршката на централата и лидерот. Тој му се налути на Заев, поради што досега ја бојкотираше кампањата на Димитриевски, а вечерва за прват се појави на јавен собир.

    Во Куманово за градоначалничкото место се борат двајца пратеници: Максим Димитриевски од СДСМ и Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Максимовски беше еден од претепаните пратеници во Собранието на 27 мај, а предходно беше претседател на Советот на општина Куманово.

    (С.Н)

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира