ЗАГИНА 19-ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ, НЕКОЛКУМИНА СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО СУДИР НА 4 ВОЗИЛА НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП

    ЗАГИНА 19-ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ, НЕКОЛКУМИНА СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО СУДИР НА 4 ВОЗИЛА НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕПВо сообраќајната несреќа учествувале три автомобили и камион. - Патот Битола-Прилеп

    Загина 19-годишниот битолчанец Ѓ. Т., а неколкумина други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што утрово околу 8 часот се случила меѓу три патнички и едно товарно возило на патот Битола-Прилеп кај Петилеп, потврдија од битолската полиција.

    Во сообраќајната несреќа учествувале три моторни патнички возила, и тоа, „рено твинго“ и „шкода“ со битолски регистарски таблички, мерцедес со скопски и камион „ман“ со велешки регистарски таблички.

    Како дошло до сударот засега нема подетални информации. Дел од повредените лица се пренесени во болница. По сообраќајката возилото „мерцедес“ било изгорено. Увид на местото на несреќата изврши јавен обвинител и екипа од СВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира