ЗАПРЕ БЕТОНИРАЊЕТО НА БРЕГОТ ВО КАЛИШТА КАЈ СТРУГА

    ЗАПРЕ БЕТОНИРАЊЕТО НА БРЕГОТ ВО КАЛИШТА КАЈ СТРУГАПред два дена, од невладината „Тампон В’але“ од Струга информираа дека некој неовластено бетонира дел од крајбрежјето во Калишта кај Струга. (Фото: Фејсбук/Тампон В’але)

    Бетонирањето на крајбрежјето во реонот на селото Калишта, Струшко, започнато пред два дена, денес сопре. За тоа информираа од невладината „Тампон В’але“ од Струга.

    „Сега сопствениците нема да знаат кој градежно им го ’уредил‘ земјоделското земјиште, а ќе тврдат дека езерото само и од срам се тампонирало. Тоа е доколку се најдат сопствениците, затоа што можно е сопственикот и сторителот да биде непознат. Така е тоа во Струга. Но, од нашата пријава службите имаат доволно докази и од канцеларија да преземат мерки и да ги најдат сторителите и да ги поврзат со ’охрабрувачите‘“, велат од оваа невладина организација.

    Пред два дена, од невладината „Тампон В’але“ од Струга информираа дека некој неовластено бетонира дел од крајбрежјето во Калишта кај Струга, при што прозва бројни пратеници и градоначалникот на Струга, да реагираат.

    Од невладина организација која комуницира со јавноста преку нејзината Фејсбук страница, напомена дека нема да даваат изјави за медиумите сè додека за овој проблем не се изјаснат прозваните.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира