Пожарот кај Блаце пак е активен поради што затворен е магистралниот пат Скопје-Блаце и граничниот премин (ГП).
„Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста”, велат од МВР.
Пожарот кај Блаце избувна на 6 јули, но по два дена беше изгасен.