ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 3,5 СТЕПЕНИ ВО СКОПЈЕ

    ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 3,5 СТЕПЕНИ ВО СКОПЈЕСпоред Европската сеизмолошка опсерваторија, епицентарот на земјотресот со длабочина од 5 км е на 21 км источно од Скопје. (Фото: ЕМСЦ)

    Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени беше почувствуван денеска во Скопје во 17.41 часот.

    Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 17 часот и 41 минута беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.5

    Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува  IV степени според Европската макросеизмичка скала.

    Според Европската сеизмолошка опсерваторија, епицентарот на земјотресот со длабочина од 5 км е на 21 км источно од Скопје.

    Земјотресот траеше околу 10 секунди и не се чувствуваше со силен интензитет.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира